8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Франција забрани влез за невакцинирани туристи од Америка

Франција стана уште една европска земја што ги отстрани Соединетите Американски Држави од листата на земји во кои може да патуваат американските граѓани, пренесуваат агенциите.

Декретот на француската влада денеска ги отстрани Соединетите Американски Држави и Израел од зелената листа. Со ова Франција им забранува на невакцинираните патници да патуваат во таа земја.

Сепак, на невакцинираните патници од која било земја сѐ уште ќе им биде дозволено да влезат под услов да имаат валидна причина за патување, но им треба негативен тест на Ковид-19 пред да патуваат и мора да одат во карантин седум дена по пристигнувањето.

Овој потег на Франција следува по ограничувањата воведени за американски патници од неколку други европски дестинации. Претходно оваа недела, Шпанија ја промени политиката за влез за пристигнувања од САД барајќи од нив да имаат сертификат со кој се докажува двојна вакцинација.

Данска и Холандија исто така неодамна ги ажурираа своите ограничувања барајќи доказ за вакцинација за патниците од САД. Во меѓувреме, Шведска ги забрани сите пристигнувања од САД, без оглед на статусот на вакцинација.

Италија минатата недела почна да бара од сите посетители, вклучително и оние од Соединетите Американски Држави, да покажат докази за ПЦР или тест за антиген-ковид направен во рок од 72 часа од патувањето, без оглед дали биле вакцинирани.

Многу европски туристички дестинации ги отворија своите граници за Американците во почетокот на летото со надеж дека ќе привлечат многу долари за зајакнување на економиите погодени од Ковид-19.

Но, поради делта-сојот, кој се прошири во САД, некои земји, вклучително и Германија, веќе почнаа да го ограничуваат пристапот на Американците пред препораката на Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Крадци во Франција со години ограбувале патници во возовите

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Културните институции со отворен влез и изложби во чест на Денот на независноста – 8 Септември

M T

Москва забрани влез на воени функционери од ЕУ

M T

Франција и Германија заедно против енергетската криза: На едната ѝ е потребен гас, а на другата струја

M T