11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австриец една година го чувал телото на својата мајка во подрум поради пензијата

За да не го загуби правото на пензија, маж во Австрија го чувал мумифицираното тело на мајка си во подрум повеќе од една година, соопшти полицијата.

Се верува дека 89-годишната жена, која страдала од деменција, починала од природна смрт во јуни минатата година, објавија денеска германските медиуми.

Нејзиниот 66-годишен син го однел телото во подрумот и се обидел да го неутрализира непријатниот мирис со завои и облоги.
Полицијата проценува дека тој незаконски стекнал околу 50.000 евра на сметка на нејзината пензија.

Измамата била откриена кога на новиот поштар, кој пензијата ја носел на домашната адреса во Западен Тирол, неговиот син му ја скратил желбата да ја види жената.

Ова доведе до истрага и на крајот до бизарно откритие, велат од полицијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мајка од Тексас во сред парк ја избодела и задавила својата пет-годишна ќерка, па ја ставила во пластична ќеса

M T

Можеме ли да избегаме од стресот: Еве како тој влијае на вашето тело

M T

12 дена јадела само банани: Еве што се случило со нејзиното тело

M T

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

M T

Еве што се случува со телото ако престанеме да јадеме шеќер 7 дена

M T

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета денеска пристигнува во Лондон

M T