14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

СДСМ: Вакцинацијата и почитувањето на мерките клучни за заштита на колективното здравје

Во последните денови, бројот на нови случаи со заразени од ковид-19 забрзано расте, инфективните одделенија се полнат. Досега се аплицирани над 1 милион дози, а ревакцинирани над 500.000 граѓани од кои само 0.002% се заразиле, што укажува на тоа дека вакцините се безбедни и ефикасни, соопшти СДСМ.

„ Вакцинацијата е од витална значајност во борбата против натамошно ширење на вирусот. Смртноста демне како опасност кај невакцинираните. Секоја вакцина е безбедна и ја намалува шансата од заболување од вирусот, спречува тешки форми на болеста и најважно штити од смртен исход.

Отворени се нови пунктови, има доволно вакцини, вакцинирањето е исклучително важно за заштита на сопственото и јавното здравје. Испраќаме апел до граѓаните коишто не го сториле тоа да одат во најблискиот пункт и да се вакцинираат.

Дезинформациските кампањи и теориите на заговор кои ги пласираат центрите и кои ги одвраќаат луѓето од имунизација се на штета на граѓаните. Исклучително е важно да се почитуваат и новите мерки. Тие се неопходни за заштита на здравјето и се применуваат и во други земји.

Да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да дадеме свој придонес во борбата која е заедничка за целиот свет“ се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА И ОТПОРНА НА ЛЕКОВИ! Оваа сексуално пренослива болест мутира и се шири во Европа! ВНИМАВАЈТЕ!

M T

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T