7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

ВМРО-ДПМНЕ и во време на енергетската криза, исто како и во време на пандемијата со коронавирусот се однесуваат неодговорно и себично, со разни блокади и опструкции работат на штета на граѓаните,се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека наместо со фабрикувани лаги и клевети да го напаѓаат претседателот на СДСМ и премер, Димитар Ковачевски, во обид да го прикријат фактот дека се фатени во криминал со нивните зделки во тендер од 136 милиони евра, од ВМРО-ДПМНЕ требаше да го повикаат својот лидер Мицкоски во време на криза струјата што ја произведува и продава од хидроцентралите, бесплатно да им ја отстапи на граѓаните.

Но, очигледно е дека Мицкоски е против тоа, очигледно е дека повеќе сака да ги полни своите џебови отколку да им помага на граѓаните.

Во време на светска економска и енергетска криза, но и години претходно, Мицкоски си го полнел џебот продавајќи електрична енергија од своите хидроцентрали. Ако е загрижен за струјата и стандардот на граѓаните, Мицкоски ќе ја отстапи бесплатно струјата од своите хидроцентрали за граѓаните, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

M T

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Утре без струја делови на Аеродром, Студеничани и Карпош

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T