5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

САД: Граѓаните кои се целосно вакцинирани не мора да примаaт трета доза

Американските здравствени власти по состанокот со претставниците на компанијата „Фајзер“ изјавија дека американските граѓани кои биле целосно вакцинирани против коронавирус не мора да примаат трета доза на вакцина.

„Фајзер“ минатата недела најави дека планира да побара одобрување од американските регулатори за дополнителна доза на вакцина, заснована врз докази за зголемен ризик од зараза шест месеци по имунизацијата, но и поради ширењето на делтата сојот.

Израел денеска почна со вакцинирање на луѓето со слаб имунитет со трета доза од вакцината на „Фајзер“.

Претходно вчера, Светската здравствена организација порача дека богатите земји не треба да набавуваат дополнителни дози на вакцини за нивната веќе вакцинирана популација додека други земји сè уште немаат примено вакцини против Kовид-19. Главниот научник на СЗО, Соум Сваминатан, истакна дека глобалниот здравствен орган досега не видел доказ оти се потребни дополнителни дози од вакцината за оние што веќе се целосно вакцинирани.

„Вакцинирањето треба да се заснова на наука и податоци, а не на одделни компании, кои тврдат дека нивните вакцини треба да се администрираат како дополнителна доза“, рече Сваминатан.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T

Може да се појават здравствени проблеми: Загревањето храна во пластични садови е штетно

M T