17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Индија 2.500 луѓе примиле лажна вакцина против коронавирус

Илјадници Индијанци биле жртви на голема измама поврзана со лажни вакцини, а меѓу уапсените имало и лекари и други медицински работници, пренесува Си-Ен-Ен.

Индискиот висок полициски службеник Вишал Такур изјави дека измамата е откриена на најмалку 12 локации во Мумбаи и дека медицинските работници им вбризгувале солен раствор на пациентите наместо вакцина против коронавирус.

„ Се проценува дека 2.500 луѓе примиле лажна вакцина. Организаторите заработиле вкупно 28.000 американски долари од лажните вакцини”, изјави Такур.

Досега се уапсени 14 лица, а се очекуваат уште апсења во врска со давањето лажни вакцини.

Индија имаше катастрофална состојба со коронавирусот на пролет. Десетици илјади луѓе починаа, над 40.000 нови случаи беа регистрирани дневно, здравствениот систем доживеа целосен колапс, па луѓето умираа на улиците.

Поради големиот број на починати, немаше доволно места на гробиштата, па телата беа палени на улиците, или фрлени во реката.

Од Индија се прошири т.н. делта-сој на коронавирус.

Можеби ќе ве интересира

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

M T

СДСМ: Референдумот е измама на Мицкоски за граѓаните, за свои цели и против ЕУ

M T

Путин ги повика Индија и Кина на заеднички воени вежби, како одговор на обидите на САД да ја изолираат Москва

M T

49 лица загинаа од гром во Индија оваа недела

M T

Индија: Дваесет луѓе загинаа од гром во еден ден

M T

Труење со алкохол во Индија – Починале 26 луѓе, а над 30 се во болница

M T