Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Референдумот е измама на Мицкоски за граѓаните, за свои цели и против ЕУ

Иницијативата за референдум е најновата измама на Христијан Мицкоски кон граѓаните, oоценуваат од СДСМ.

Референдумот на Мицкоски, додаваат од таму, е против интеграција во ЕУ против македонскиот јазик и македонскиот идентитет и исклучиво за негови сопствени цели.

„Мицкоски е докажан анти ЕУ политичар кој прави се да ја оддалечи државата од евроинтегративниот процес. Цела година тој зборува за избори, за ново парламенарно мнозинство, со месеци лажеше за наводна асимилација и бугаризација, а сега откако пропаднаа сите негови лаги, се обидува одново да ја измами јавноста. Сето тоа граѓаните го знаат и затоа не го поддржуваат Мицкоски во овој негов најнов обид да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец“, се вели во соопштението од СДСМ.

Оваа негова иницијатива, додаваат од партијата на власт е осудена на пропаст, тој веќе нема поддршка ниту во својата партија.

„Граѓаните нема да дозволат Мицкоски да го закочи нормалното функционирање на државата, нема да дозволат државата да се оддалечи од европскиот пат, само затоа што тој сака да ја спаси фотелјата во белиот дворец дури и по цена на државните интереси“, се прецизира во напишаното од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК