14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин ги повика Индија и Кина на заеднички воени вежби, како одговор на обидите на САД да ја изолираат Москва

Рускиот претседател Владимир Путин за инает на САД, ги покани армиите на Индија и Кина на воените вежби „Восток 2022“.

„ Тој со тоа одговори на обидите на САД и нивните сојузници да ја изолираат Москва поради конфликтот во Украина“, се наведува во текстот и се потсетува дека Индија не застана на страната на Украина, и покрај притисокот од Западот, сето тоа поради блиските врски меѓу Москва и Њу Делхи.

Вежбите „Восток 2022“, кои почнуваат денеска на рускиот Далечен Исток, вклучуваат учество на повеќе од 50.000 војници и 5.000 парчиња воена опрема, вклучувајќи повеќе од 140 авиони и 60 воени бродови. Вежбите ќе се одржат и во Јапонското Море.

Редовните вежби ги здружуваат членовите и партнерите на Шангајската организација за соработка (ШСО) и Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) на поранешните советски републики предводени од Русија.

„Блумберг“ истакнува дека додека САД ја „додеваат“ Индија како воен партнер и ја повикуваат да не ги поткопува меѓународните санкции против Русија поради војната во Украина, владата во Њу Делхи испраќа мал воен одред од 75 војници во воените вежби „Восток 2022“.

Тие вклучуваат трупи на Гурки и претставници на морнарицата и воздухопловните сили, иако Индија не испраќа никакви поморски или воздушни средства во Русија.

Стратешките вежби „Восток 2022“ ќе се одржат од 1 до 7 септември на седум полигони на Источниот воен округ.

Вооружените сили на Русија ќе бидат претставени со воени командни и контролни тела и трупи за противвоздушна одбрана, дел од Воздухопловните сили, авијација со долг дострел и воена транспортна авијација. Заеднички акции ќе развијат оперативни командни и контролни групи, воени контингенти и набљудувачи на ОДКС, ШСО и други партнерски држави, особено Азербејџан, Алжир, Ерменија, Белорусија, Индија, Казахстан, Киргистан, Кина, Лаос, Монголија, Никарагва, Сирија и Таџикистан.

Министерството за одбрана во Пекинг соопшти дека армијата, воздухопловните сили и морнарицата на Кина учествуваат во вежби чија цел е зајакнување на воената координација.

„Глобал тајмс“ наведува дека вежбите оваа година ќе се фокусираат на можни закани, особено од САД во регионот на Пацификот.

Можеби ќе ве интересира

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

M T

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T

Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани

M T