11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Член на кризниот штаб на Србија: Не сме далеку од катастрофа

Србија не е далеку од катастрофална епидемиолошка ситуација, предупреди вечерва членот на кризниот штаб на српската влада, епидемиологот Предраг Кон, откако беше соборен досегашниот рекорд по бројот на новозаразени на дневно ниво.

„Тоа е ситуација во која луѓето повеќе немаат каде да се лекуваат. Мораме да го сопреме вирусот, а ако не го сопреме ние, ќе нè сопре тој нас“, кажа Кон за Радиотелевизија Србија, дента кога во Србија се пријавени 2.823 нови случаи на зараза со ковид-19, што е нов дневен рекорд од почетокот на епидемијата на 6 март.

„Проценките се дека инфицирани има значително повеќе од официјално регистрираните. Истражувањата правени во западноевропските земји покажаа дека бројот на заразени е 10 до 20 пати поголем од оној број кој официјално се регистрира“, кажа Кон, доведувајќи ја во врска таа статистика со епидемиолошката ситуација во Србија.

„Со таква аналогија, ако имате просечно 1.000 заразени на ден, вие тогаш имате околу 10.000 до 20.000 заразни, а тоа да не го знаат. Мора да се каже дека тие полека престануваат да бидат заразни по недела до 10 дена, најдоцна по 14 дена“, објасни Кон.

„Наместо да му се спротивставиме на вирусот, ние им се спротивставуваме на мерките“, искоментира и апелираше да се избегнуваат прослави и собирања и граѓаните да носат маски, чувајќи го така и сопственото и туѓото здравје.

Вонредна состојба во Србија за време на првиот бран беше прогласена на 15 март, кога, според официјалните податоци, имаше 46 заразени и 23 пациенти на болничко лекување, а само еден на респиратор.

Според податоците од сајтот на српското министерство за здравство за ковид-19, врвот на првиот бран според бројот на новозаразени беше 16 април со 445 случаи на дневно ниво, а дневниот рекорд од почетокот на епидемијата се денешните 2.823 случаи на зараза со ковид-19.

Со денешниот ден официјално се регистрирани 915 умрени од последици на инфекцијата, а стапката на смртност е на ниво од 1,37 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

Рама: Не треба да се врши притисок врз Србија

M T

Ковачевски: Треба целосно да ги подигнеме рампите со Србија и Албанија, ние сме единствен регион во светот со граници

M T

Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на „Европрајд“

M T

Шпанскиот премиер: Ја поддржуваме Србија кога станува збор за Косово

M T