14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Чешката влада од утре затвора барови и ресторани, воведува и онлајн-настава

Од утре до 3 ноември во Чешка ќе бидат затворени баровите и рестораните и ќе се воведе онлајн-настава во повеќето училишта како дел од новите мерки што ги воведува земјата за да се запре брзото ширење на коронавирусот.

Чешка бележи зголемување на бројот на заразени од Kовид-19, кој се искачи на речиси 120.000 од приближно 25.000 на почетокот на септември.

Состојбата во болниците исто така станува потешка бидејќи oд почетокот на октомври бројот на пациенти е двојно зголемен.

Соочена со таква ситуација владата се обидува да го избегне строгиот карантин што пролетва ѝ нанесе огромна штета на економијата. Мерките беа олеснети во текот на летото кога земјата излезе од првиот бран на пандемијата со помалку случаи од своите западни соседи.

„Свесни сме дека имаме една можност и мора да биде успешна со цел да се надмине епидемијата и овој пат“, рече премиерот Андреј Бабиш на прес-конференција додавајќи дека приоритет е болниците да го издржат притисокот предизвикан од значително зголемување на бројот на заразени.

Како дел од новите мерки, јавните собири ќе бидат ограничени на шест лица, ќе се забрани пиење алкохолни пијалаци на јавни места, а носењето маски ќе биде задолжително во јавниот превоз.

Сите часови, освен програмите за предучилишна возраст, ќе се изведуваат преку интернет до 1 ноември.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Во училиштата во Чешка, наместо греење, на учениците им дале ќебиња

M T

Костадиновска-Стојчевска во Прага: Со Чешка споделуваме богато словенско минато и неопходна европска иднина

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T