14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Колку побрзо Филипче си поднесе оставка, толку повеќе животи ќе се спасат

Колку побрзо Филипче си поднесе оставка, толку повеќе животи ќе се спасат. Министерот Венко Филипче секој ден ја покажува и докажува својата неспосовност. Тој велеше се е под контрола, а сега одеднаш нема место во клиниките, а ги нема ниту најавените 16 монтажни болници кои требаше да бидат готови. Истите беа бомбастично најавувани во првата половина на јули или уште пред одржување на изборите на 15 јули. По се изгледа најавата служеше за изборни цели, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Освен што почнува да снемува место по клиниките, од здравствените установи почна да заминува и медицинскиот кадар.

И наместо да ја прфрла вината Филлипче треба да сфати дека трена да работи. Но осум месеци не направи ништо освен погрешни прогнози, погрешни чекори, погрешни, несоодветни и задоцнети мерки.

Од неговата проценка дека ќе има околу две илјади заразени, бројката достигна 20.555, а бројката на починати се движи кон 800.

Веќе неколку дена има повеќе од 15 проценти заразени од вкупниот број на тестирани.

За погрешните политики и последиците од нив Филипче мора да понесе одговорност. Филипче да поднесе оставка!“ се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T