Најмалку 15 луѓе се повредени во земјотресот што денеска го погоди туристичкиот град Лиџијанг во југозападна Кина.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 10 километри, соопшти локалната сеизмолошка агенција.
Земјотресите се чести во Кина, особено во провинцијата Јунан, која е сеизмички активна област бидејќи се наоѓа на спојот на индиската и евроазиската тектонска плоча.
Во септември три лица загинаа во земјотрес во провинцијата Сечуан, а најмалку 10.000 луѓе беа раселени, а во 2008 година во силен земјотрес со јачина од 7,9 загинаа или исчезнаа 87.000 луѓе.
Спонзорирано: