Кремљ има намера да го пренесе својот концепт за визијата за безбедност во Европа на САД и НАТО, изјави денеска за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, додавајќи дека се работи на релевантен документ.
Тој посочи дека Москва работи на дефинирање на концептот на својата визија во однос на безбедносните гаранции и потребата да се запре ширењето на НАТО на исток, пренесе ТАСС.
„Путин му кажа на американскиот претседател Џозеф Бајден дека брзо ќе подготвиме таков документ, во рок од една недела, и дека ќе им го предадеме“, рече Песков.
Спонзорирано: