20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Научниците со најави: Климатските промени може да имаат разорен ефект врз источниот Медитеран

Климатските промени би можеле да имаат разорен ефект врз животите на милиони луѓе во источниот Медитеран и Блискиот Исток, каде температурите се зголемуваат двојно побрзо од глобалниот просек, предупредуваат научниците.

Во таа област температурите би можеле да се зголемат за дури пет степени Целзиусови до крајот на векот, се наведува во заедничкиот извештај на Кипарскиот институт и Институтот за климатски и атмосферски истражувања Макс Планк.

За источниот Медитеран и Блискиот Исток се предвидува речиси двојно поголем пораст на температурата отколку во другите населени делови на светот. Извештајот ќе биде претставен на климатската конференција на ОН во ноември во Египет.

Комбинацијата од помалку врнежи и пораст на температурите ќе предизвика сериозни суши и ќе ги загрози сигурните резерви на храна и вода. Покрај тоа, многу земји нема да бидат подготвени за покачување на нивото на морето, предупредуваат научниците.

„Таквото сценарио ќе резултира со бројни предизвици за крајбрежната инфраструктура и земјоделството и може да доведе до ерозија на крајбрежните водоносни слоеви, вклучително и оние во густо населените области како што е делтата на Нил“, вели авторот на извештајот Џорџ Зитис од Кипарскиот институт.

Научниците препорачуваат брзо спроведување на се што е договорено во Парискиот договор, со кој се настојува зголемувањето на температурата да се ограничи на помалку од два Целзиусови степени.

„Бидејќи климатските промени не познаваат граници и може да се шират многу регионални проблеми, неопходно е земјите тесно да соработуваат меѓу себе во борбата против климатските промени и да ги ублажат нивните последици“, изјавија од Институтот Макс Планк.

Можеби ќе ве интересира

Научниците збунети бидејќи моќниот телескоп Џејмс Веб „гледа“ работи во вселената што не треба да бидат таму

M T

НЕ УБИВАЈТЕ ПАЈАЦИ – Еве како тие можат да бидат многу корисни

M T

Подгответе се за нови пандемии: Климатските промени го фаворизираат ширењето на смртоносните болести

M T

Научниците открија: Еве кога се активира вирусот на херпес

M T

Мистерија – Научниците збунети од чудните појави на Нептун: „Не знаеме што се случува“

M T

Научниците изненадени од случајното откритие: Што се случува во мозокот на човек кој умира

M T