4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКИЗБОР

Подгответе се за нови пандемии: Климатските промени го фаворизираат ширењето на смртоносните болести

Последиците од повеќе од половина од заразните болести кои го погодиле човештвото низ историјата се влошени од климатските промени.

Загрижувачките податоци ги презентираа научниците од Универзитетот на Хаваи кои анализираа повеќе од 70.000 научни студии за да утврдат како различните климатски промени влијаеле на 375 патогени болести кои ги погодуваат луѓето.

– Морам да признаам дека станував се позагрижен како што напредуваше нашето истражување. Почнавме да разбираме како емисијата на гасови со ефектот на стаклена градина може да влијае на 58 отсто од сите заразни болести кои го погодуваат човештвото – вели Камило Мора.

Научниците одамна знаат дека климатските промени можат да ги засилат ефектите од заразните болести, што ги прави почести и посмртоносни.

Новото истражување, сепак, сликовито го покажува степенот на заканата, потврдувајќи несомнено дека 58 отсто од сите заразни болести (218 од 375) може да бидат влошени од некои од последиците од климатските промени – зголемување на температурите, суши, пожари, пораст на нивото на морето и екстремните врнежи.

Мора исто така нагласи дека заклучокот од студијата е прилично конзервативен.

Како климатските промени влијаат на патогените

Истражувачкиот тим ја пребара обемната научна литература за студии за сите видови патогени – вирусни, бактериски, преносливи од животинско потекло – и откри дека зголемените температури влијаат на 160 различни болести.

Екстремните врнежи погодија 122 болести, поплавите (121), сушата (81), бурите и катастрофите (71), климатските промени на океаните (43), шумските пожари (21), топлотните бранови (20) и порастот на нивото на морето (10).

Во студијата, експерти од Хаваи објаснија како климатските промени доведуваат до зголемување на ефектот на заразните болести – со зближување на луѓето и патогените.

Зголемените температури и врнежите им овозможуваат на комарците, крлежите, птиците и другите носители на болести да го прошират своето живеалиште и да дојдат во контакт со многу повеќе луѓе.

Во исто време, човечкото раселување и миграцијата предизвикани од зголемувањето на нивото на морето и екстремните временски услови доведуваат до тоа луѓето од одредени области да дојдат во контакт со патогени со кои инаку не би се сретнале.

Покрај тоа, глобалното затоплување им овозможува на патогените полесно да се репродуцираат и да станат повирулентни.

Можеби ќе ве интересира

Научниците со најави: Климатските промени може да имаат разорен ефект врз источниот Медитеран

M T

Решенија засновани врз природата – акции за спречување на климатските промени во Северна Македонија

M T