14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков: Русија работи на нов концепт на надворешната политика

Се работи многу на новиот концепт на надворешната политика на Руската Федерација, имајќи предвид дека меѓународните околности се менуваат многу брзо и се создава нова светска реалност, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на Источниот економски форум (ЕЕФ).

„Работата на овој документ е во тек. Факт е дека околностите на меѓународната политичка сцена се менуваат многу брзо. Се соочуваме со нова светска реалност, која треба да се земе предвид при креирањето на концептот“, изјави Песков.

Тој рече дека нема потреба да се брза со изработката на тој документ, но додаде дека многу земји изразиле отворено непријателство кон Русија.

„Поради таквите ставови кон Русија, неопходно е да се минимизираат негативните последици од нивните постапки. Има многу земји кои отворено ја покажаа својата воинствена позиција кон Русија. Тие земји преземаат различни дејства кои се спротивни на нашите интереси и ни нанесуваат штета. Значи, мораме да создадеме рамнотежа, да ги намалиме негативните влијанија“, рече Песков.

Тој оцени дека не е фер да се каже дека Русија по западните санкции се сврте кон исток.

„Азиско-пацифичкиот регион отсекогаш бил важен за Русија. Всушност, тоа е нашиот најважен регион, така што не е точно да се каже дека сега се свртевме кон исток и почнавме да ги менуваме приоритетите. Се разбира, кога Западот вештачки воведе рестриктивни мерки кон Русија, трговијата и економиите почнаа уште повеќе да се вртат кон исток“, додаде Песков.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T