Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Скопје, пронајдена дрога и украдени предмети, приведени две лица

На 31.08.2022 во 19.45 и 22.00 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за внатрешни работи Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода М.Ж.(19) и Ф.Г.А.(27), двајцата од Скопје. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени 15 брендирани очила и други предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ која ја извршиле во оптика во трговски центар на подрачје на Аеродром на 20/21.08.2022. Исто така, при претресот кај Ф.Г.А. биле пронајдени и 64 пакувања со прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 22 степени, УХМР најавува нестабилно време

ДЕСК

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРАВОСЛАВНИ ПРАЗНИЦИ – Од Аранѓеловден и Свети Никола до Божик и Водици, еве кога се слават и кои обичаи се негуваат

ДЕСК

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК