14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел очекува наскоро да биде потпишан договорот за иранската нуклеарна програма

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, во Прага изјави дека е сигурен оти преговорите за обновување на нуклеарниот договор со Иран наскоро би можеле успешно да завршат.

„Јасно гледам дека постои заедничка основа, дека имаме договор кој ги зема предвид, мислам, сечии грижи“, рекол шефот на дипломатијата на ЕУ на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Во тек се напори за заживување на договорот од Виена од 2015 година за зауздување на иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите. Техеран инсистира на тоа дека неговите нуклеарни истражувачки активности се исклучиво за цивилна употреба, пренесуваат агенциите.

Анализираат дека првиот договор беше склучен во 2015 година, но пропадна неколку години подоцна за време на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се повлече од договорот. Преговарачите на ЕУ рекоа дека е разработена нова верзија на договорот и дека само чекаат потврда од двете страни за неговото прифаќање.

Борел неодамна ги сподели компромисните предлози од текстот на договорот со преговарачите на Иран и Соединетите Американски Држави, а одговорите што ги добил од двете страни ги опиша како разумни.

„Се надевам дека во наредните денови нема да го загубиме овој моментум и дека ќе успееме да го склучиме договорот“, кажал Борел.

Можеби ќе ве интересира

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T

Петровска потпиша Договорот за соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор

M T

Путин: Работата на стратешкиот договор со Иран е во завршна фаза

M T

Маричиќ во „Топ Тема“: Фронтекс договорот ќе биде потпишан на македонски јазик без никакви додавки

M T

ЕУ целосно го суспендираше договорот за визно олеснување за руските граѓани

M T