3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден: САД никогаш нема да дозволат Иран да добие нуклеарно оружје

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, му пренел на израелскиот премиер Жаир Лапид дека Америка никогаш нема да дозволи Иран да добие нуклеарно оружје.

„Во текот на разговорот, претседателот истакна дека Америка е посветена никогаш да не дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје“, соопшти Белата куќа.

На задоволство на Израел, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја повлече Америка од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година и воведе строги санкции кон Техеран, пренесува медиумот.

Британската новинска агенција додава дека оживувањето на нуклеарниот договор од 2015 година се чинеше како однапред завршен заклучок во март, но во директните разговори меѓу Техеран и Вашингтон имало несогласувања за неколку прашања.

Меѓу нив е и инсистирањето на Техеран Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да не ги испитува трагите од ураниум пронајдени на три непријавени места каде што не би требало да биде.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T