17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

Австралиските власти издадоа предупредување до регионите во Нов Јужен Велс и Квинсленд, опустошени од поплави, да се подготват за полоши врнежи и бури во наредните месеци, пренесуваат тамошните медиуми.

Сојузниот министер за вонредни ситуации Мареј Ват и порачал на јавноста да биде подготвена за нови поплави, додека владата на премиерот Ентони Албанес работи на воведување реформи за исплата на помош на погодените од катастрофата.

Бирото за метеорологија соопшти дека се предвидува дека поплавите ќе претставуваат најголем ризик од природни катастрофи во наредните месеци, многу поголем од пожарите или топлотните бранови низ целата земја.

Како што се наведува, особено во источните држави времето ќе биде многу влажно, со обилни врнежи од дожд и град.

Главниот климатолог на бирото, Грег Браунинг рекол дека има многу големи шанси за над просечни врнежи долж целиот источен брег.

Бидејќи многу од овие области веќе имаат големи количини на влага во почвата, предупредил тој, дополнителниот дожд нема да може да се апсорбира и наместо тоа ќе го зголеми водостојот во реките, предизвикувајќи нови поплави.

Според него, постои голема веројатност дека овогодинешната сезона на пожари ќе биде помалку опасна од претходните лета, но западот на Австралија и Тасманија би можеле да бидат исклучок во овој поглед, бидејќи се очекуваат топлотни бранови.

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Предупредување за жителите во Германија, бил објавен список на залихи поради опасност од прекин на струја

M T

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ШТОМ СЕ РАЗБУДИТЕ – Ова е симптом на недостаток на витамин Б12

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T

Поплави во западна Кина – 16 загинати, повеќе од 30 исчезнати

M T

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите во Кентаки

M T