20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите во Кентаки

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите по обилните дождови во источната американска држава Кентаки, објави гувернерот Енди Бешеар.

Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар прогласи вонредна состојба во шест окрузи и посочи дека се очекува бројот на жртвите да се удвои, а меѓу жртвите има и деца.

Тој нагласи дека може да поминат години за да се соземе од предизвиканата штета.

„Во моментов се соочуваме со една од најлошите и најразорните поплави во историјата на Кентаки. Стотици луѓе ќе ги загубат своите домови“, рече Бешеар.

Националната гарда и државната полиција беа активирани да користат хеликоптери и чамци за да ги спасат луѓето заробени во нивните домови. Повеќе од 200 луѓе се сместени во засолништа.

„Куќите беа целосно однесени среде ноќ, веројатно додека жителите сè уште спиеја“, рече Бешеар.

Спасувачите работат деноноќно за да стигнат до областите каде што патиштата и мостовите се однесени од силен дожд во текот на ноќта помеѓу среда и четврток, пренесуваат светските агенции.

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T

Поплави во западна Кина – 16 загинати, повеќе од 30 исчезнати

M T

Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – Најавени се поинтензивни врнежи

M T

Поплави во Турција по обилните врнежи и дождови

M T