6. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ШТОМ СЕ РАЗБУДИТЕ – Ова е симптом на недостаток на витамин Б12

Витамините и минералите играат важна улога во одржување на нивото на енергија и намалување на ризикот од разни болести.

тие учествуваат во неколку телесни функции како што се помагање во борбата против инфекции, зајакнување на коските, забрзување на зараснувањето на раните и регулирање на хормоните.

Витаминот Б12 има многу важни улоги во телото, од кои некои помагаат во производството на црвени крвни зрнца, го поддржуваат нервниот систем и се борат со замор. Ниското ниво на овој витамин ги поткопува овие процеси, што со себе носи одредени последици.

Еден од главните знаци за недостаток на овој витамин во нашето тело е заморот. Долгорочен замор кој не попушта без разлика колку одмор му давате на телото. Особено може да стане поизразен наутро, кога ќе се разбудите по добар сон и набргу потоа ќе сфатите дека сте сè уште уморни.

Студијата на илјада пациенти во Англија покажа дека пациентите на кои им е дијагностициран недостаток на Б12 имаат широки варијации во симптомите. Но, овој симптом е поприсутен од сите други.

Според податоците од истражувањето, 96 отсто од испитаниците пријавиле „невообичаен замор“, додека 86 отсто од нив изјавиле дека „се будат уморни“.

Други показатели вклучуваат глоситис – воспаление на јазикот, губење на косата, рани или заматен вид.

Симптомите на недостаток на Б12, се разбира, не треба да се игнорираат. Иако многу симптоми може да се решат со земање во форма на таблети, доколку тоа не го направиме навреме, некои проблеми можат да бидат трајни.

Некои од најдобрите извори на витамин Б12 вклучуваат: говедско, свинско, шунка, живина, јагнешко месо, школки, ракови, млечни производи како млеко, сирење и јогурт, како и јајца. Зајакнатите житарки исто така можат да ви обезбедат доволна количина од оваа супстанца.

Можеби ќе ве интересира

Внимавајте при земање на овој витамин: Лекарите го поврзуваат со корона вирус

M T

Важноста на витаминот Б12: Определете дали имате недостаток на овој додаток

M T

Пристигна важно предупредување од Apple за сите корисници на iPhone: Ова е тоа што треба да го направите за да се заштитите

M T

Предупредување за корисниците на WhatsApp: Ако добиете ваква порака, некој се обидува да ве хакира

M T

Голема измама со месеци хара низ Македонија – МВР излезе со важно предупредување до нацијата

CENTAR MKD