5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Најмалку 2 лица загинаа по судир на авиони при слетување на аеродром во Калифорнија

Два мали авиони се судрија во Северна Калифорнија додека се обидуваа да слетаат на локалниот аеродром, при што загинаа најмалку две од трите лица во него, соопштија официјални лица.

Авионите се урнале во четвртокот на локалниот аеродром во близина на градот Вотсонвил во американската сојузна држава Калифорнија, нешто пред 15 часот, се наведува во соопштението на градските власти на Твитер.

Аеродромот во сопственост на градот нема контролна кула за насочување на слетувањето и полетувањето на авионите.

Во моментот на несреќата во двомоторниот Цесна 340 имало две лица, а во едномоторната Цесна 152 само пилотот, соопшти американската Федерална управа за авијација.

Официјалните лица рекоа дека биле пријавени повеќе смртни случаи, но сè уште не е познато дали некој преживеал.

Авионите биле на висина од околу 60 метри кога се урнале, изјавил очевидец за локалниот весник.

Можеби ќе ве интересира

Судир на демонстрантите и полицијата во Иран, жени палат шамии

M T

Пентагон ја прекина испораката на Ф-35: Пронајдена кинеска легура

M T

Најмалку 16 загинати во Иран при судир на камион и минибус

M T

Стејт департментот одобри продажба на авиони Ф-35 на Германија

M T

Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници

M T

Два авиони се судрија за време на вежби во Франција

M T