11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судир на демонстрантите и полицијата во Иран, жени палат шамии

Припадниците на иранската полиција и безбедносните сили денеска се судрија со демонстрантите во неколку градови низ земјата кои продолжуваат да протестираат поради смртта на младата Иранка, Махса Амини, објавија државните медиуми.

Амини (22), девојка од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина во притвор во Техеран минатата недела, откако беше уапсена од моралната полиција поради непочитување на правилата за носење хиџаб.

Нејзината смрт предизвика големи протести на улиците во Иран, први откако властите ги разбија протестите против покачувањето на цената на бензинот во 2019 година.

И покрај тоа што бројот на загинати секојдневно се зголемува и властите ги разбиваат немирите, видеата објавени на Твитер покажуваат дека демонстрантите повикуваат на пад на верските власти додека се судираат со безбедносните сили во Техеран, Табриз, Карај, Јазд и многу други ирански градови, пренесува медиумот.

Државната телевизија објави дека полицијата се судрила со, демонстраните во некои градови и употребила солзавец за да ги растера.

Видеата објавени на социјалните мрежи од внатрешноста на Иран покажуваат дека демонстрантите извикуваат „Жена, живот, слобода“, додека жените мавтаат и ги палат нивните превези.

На видеата на Твитер, може да се видат демонстранти како извикуваат „Смрт за диктаторот“ во градот Табриз, повикувајќи се на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.

Неколку универзитетски професори поднесоа оставка во знак на протест поради смртта на Аминија, според нивните изјави објавени на социјалните мрежи.

Студентите на неколку универзитети одбија да учествуваат на часовите во знак на протест против големите апсења на студенти и судирите со безбедносните сили на универзитетот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пет причини зошто жените избираат доминантни мажи: ЧЕТВРТАТА може да биде КЛУЧНА

M T

Од афери со шефови до мајстори: Девојки кажаа каде и со кого НАЈЧЕСТО ги изневерувале своите партнери

M T

Мистеријата конечно е решена: Еве зошто на жените често им е поладно отколку на мажите

M T

ЖЕНИТЕ ГО ОТКРИВААТ МАГИЧНИОТ БРОЈ: Ова е нивната идеална големина на МАШКОСТ, а СЕ ПОД ОВИЕ БРОЈКИ Е ПОНИЖУВАЧКИ

M T

Тренчевска: Ние, жените во политиката, кои исто така не сме поштедени од насилство, уште похрабро и одлучно да застанеме против насилството

M T

Конечно научно потврдено: Ова е позата во која жените најлесно доживуваат оргазам

M T