7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Извршена смртна казна во Јапонија, погубен маж кој убил седум луѓе

Во Јапонија денеска беше погубен маж, кој во 2008 година убил седум луѓе во преполниот трговски кварт во Токио.

Министерот за правда Јошихиса Фурукава изјави за новинарите дека Томохиро Като (39) бил обесен во притворен центар во Токио.

Фурукава рече дека смртната казна е оправдан одговор на грозоморно и насилно злосторство и дека укинувањето на најстрогата казна не е соодветно во овој момент. Тој рече дека Като темелно се подготвил да изврши масовно убиство, што според него е грозоморен чин кој довел до исклучително сериозни последици, што имало големо влијание врз општеството.

Во јуни 2008 година, Като возеше со својот камион по улица во трговскиот дел во Акихабара, удирајќи во толпа луѓе и уби тројца пешаци, а потоа излезе од возилото и избоде четири лица до смрт и повреди 10 други.

На снимките од надзорните камери подоцна објавени од националниот радиодифузер NHK, тој се гледа како купува ножеви два дена пред нападот, се смее со работник во продавница и повремено прави прободувачки гестови со рацете.

Медиумите објавија дека тој објавил неколку пораки на интернет поради очај и предупредувања дека планира да убие луѓе во масовен напад.

Окружниот суд во Токио го осуди Като на смрт во 2011 година, а Врховниот суд ја одби неговата жалба во 2015 година.

Јапонија во моментов има 107 лица осудени на смрт, од кои 61 бараат повторно судење, рече министерот за правда.

Јапонија ја задржа смртната казна и покрај зголемените меѓународни критики, а истражувањето на јапонската влада покажа дека огромно мнозинство од јавноста ги поддржува егзекуциите.

Во Јапонија егзекуциите се вршат во строга тајност, каде што затворениците не се информирани за нивната судбина до утрото кога ќе бидат обесени, наведува американската агенција.

Можеби ќе ве интересира

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Јапонија донира 61.801 евра на универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

M T

Јапонија тројно го зголеми увозот на руски гас

M T