8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Активни три пожари во Македонија, најголемиот е на Криволак

Рано утрово со полициски хеликоптер извршено е извидување на трите активни пожари во земјата, информираше на социјалните мрежи директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер. Ангелов истакна дека воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни.

Вториот пожар е нов пожар кој бил забележан во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде е зафатена дабова шума.

„Постоеше можност за проширување но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола“, рече Ангелов.

Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко.

Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот.

Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Можеби ќе ве интересира

Десетгодишно момче подметнувало пожари на Лезбос

M T

Пожари беснеат во Велика Британија, гори земјиште од осум хектари

M T

Пожари на Халкидики: Пожарникарите работат на три локации

M T

Пожари во Словенија, огнот брзо се шири па се стравува од експлозии од Првата светска војна

M T

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

M T

Со нова иновативна опрема Водно заштитено од пожари

M T