14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: Европа се покорува на ставовите наметнати од Америка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека самитот на НАТО во Мадрид уште еднаш покажа дека земјите-членки очекуваат безусловна послушност. Лавров со порака до САД, пренесуваат агенциите.

„Верувам дека на сите им е очигледно што очекуваат. Тие не се воздржуваат да зборуваат за тоа, како што рекоа уште еднаш вчера на самитот на НАТО во Мадрид. Очекуваат безусловна послушност на нивната волја од сите земји, одразувајќи ги нивните себични интереси пред се американските интереси“, изјавил Лавров.

Истакнал дека модерна Европа, претставена од ЕУ, ја губи својата независност или знаците на независност што ги имаше. Тој додал дека Европа се покорува на ставовите наметнати од САД и кажал дека тоа важи и за економските санкции кои се воведени кон Русија, пишуваат медиумите.

„Ако ги споредите санкциите наметнати од европските земји кон Русија и Белорусија со санкциите што ги воведоа Соединетите Американски Држави, можете да видите дека САД се љубезни кон себе и се трудат да не бидат премногу активни во области кои сериозно ќе и наштетат на нејзината економија“.

Рускиот министер за надворешни работи истакнал дека САД ги трпат негативните ефекти од санкциите, но верува дека Европа страда многу повеќе. Лавров вели дека САД сакаат да ја ослабат и Русија и ЕУ.

„ЕУ е во конкуренција со САД“, додал тој.

Лавров кажал и дека новата железна завеса веќе се спушта меѓу Русија и Западот. Според него, Москва отсега нема да им верува на Вашингтон и Брисел.

„Железната завеса веќе се спушта. Процесот е започнат“, изјавил Лавров по средбата со неговиот белоруски колега.

Ја обвинил ЕУ дека воопшто не е заинтересирана да ги разбере интересите на Русија.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Гутереш: Ќе разговарам во Њујорк со Лавров

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T