16.8 C
Скопје
13. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија ТОП ВЕСТИ

Францускиот предлог модификуван во насока на забелешките на Ковачевски во Брисел

Историските прашања и Протоколот од Договорот за добрососедство не се дел од преговарачката рамка-премиерот Димитар Ковачевски синоќа, на пресконференција, посочи дека ова го содржи последниот француски предлог за решавање на спорот со Бугарија и отворање на преговорите за Северна Македонија со ЕУ. Ковачевски пред неколку дена во Брисел, порача дека нема да дозволи јазикот и идентитетот да бидат предмет на преговори. По ова вчера од Франција стигна изменет предлог, а според информации на дел од медиумите, интервенциите се направени во најмалку три точки кои се клучни за нас. Црвените линии за јазикот, историјата, Уставот и протоколот да не биде дел од преговарачката рамка, за кои говореше Ковачевски во Брисел, ги содржи модификуваниот предлог. Последното поместување Франција го направи кон македонската страна, односно претходната верзија на предлогот е изменета во насока на македонските барања – отворените прашања со Република Бугарија да не станат дел од преговарачката рамка со Европската Унија. На синоќешната пресконференција, претседателот на Владата Ковачевски истакна дека со новиот француски предлог се потврди дека Владата има план и стратегија која дала резултат.

„Забелешките за претходниот предлог кој не беше прифатлив за нас се прифатени и се содржани во новиот предлог.Нашите забелешки беа историските прашања да не бидат дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ кој е доставен и се разгледува во Министерството за надворешни работи“ наведе премиерот.

Откако синоќа Ковачевски со предлогот на Франција ги запозна сите министри во Владата, денеска започнуваат консултативните средби, прво со коалиционите партнери во Владата, претседателот на државата, експертската јавност, медиумите, опозицијата, пратениците. Ковачевски најави дека официјалниот став за новиот предлог ќе биде соопштен откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции, како и на севкупната политичка, експерстка јавност во земјата и граѓанскиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Денешниот ден е впишан во меморијата на солидарно Скопје, им оддаваме почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес

M T

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод потпишување на договори за изградба на пруга, прва и втора фаза на Коридор 8 и реконструкција на пруга на Коридор 10

M T

Ковачевски: Честитки до сите граѓани, преговорите со ЕУ се отворени, време е за оптимизам, но и посветена работа

M T

Ковачевски: Со среќа почетокот на преговорите, целта е до крајот на 2030 година да бидеме членка на ЕУ

M T

Ковачевски: Во овој голем ден е вграден трудот и работата на сите граѓани и чинители од осамостојувањето до сега

M T

Ковачевски: По 17 години чекање ги отвораме преговорите со ЕУ со заштитен и автентичен македонски јазик, идентитет и традиција

M T