27.8 C
Скопје
3. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет

Европската унија го продолжи користењето на сертификатите за ковид до средината на следната година

Европскиот парламент и европските влади се согласија дека правилата за сертификати за коронавирус ќе останат во сила во следните 12 месеци бидејќи пандемијата на коронавирус сè уште трае.

Претставниците на Европскиот парламент и владите на ЕУ се согласија да ја продолжат одредбата до 30 јуни 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека регулативата би можела да биде отповикана пред тој рок доколку дозволи здравствената ситуација.

Сертификатите се наменети да го олеснат слободното движење на луѓето за време на пандемија. Со помош на QR-код, сертификатот може да се користи за да се докаже дали некое лице е вакцинирано против коронавирус, дали е негативно тестирано за коронавирус или дали се опоравило од ковид-19. Дигиталната верзија може да се зачува на мобилен уред.

Во февруари, Европската комисија предложи продолжување на важноста на одлуката за сертификатите за ковид.

– Вирусот што предизвикува Ковид-19 е сè уште распространет во Европа и во оваа фаза не е можно да се утврди влијанието на можното ширење на инфекцијата во втората половина на 2022 година или појавата на нови варијанти – соопштија од Комисијата.

Можеби ќе ве интересира

Комисија за заразни болести: Зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 за 65.8% во однос од минатата недела

M T

Немојте да мислите дека пандемијата заврши: Еве кога не очекуваат нови бранови

M T

Доктор Фаучи е позитивен на Ковид-19

M T

Луѓето кои се заразија со КОВИД 19 имаат зголемен ризик да ја развијат оваа болест

M T

Белата куќа: Сите патници кои летаат за САД мора да бидат тестирани за ковид

M T

Која е разликата помеѓу мајмунски сипаници и КОВИД?

M T