14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / pixabay
ТЕМАСВЕТМОЗАИК

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ – Овие пет земји немаат аеродроми

Пред да започнете да планирате одмор во Европа, проверете дали вашата посакувана дестинација има аеродром.

Списокот на земји кои немаат сопствен аеродром е истовремено и список на земји кои се меѓу најмалите во светот според површината што ја заземаат.

Тоа се Ватикан, Монако, Лихтенштајн, Андора и Сан Марино.

Иако земјите на списокот немаат сопствен аеродром, тој обично е помалку од еден час оддалечен од оние во соседните земји, а недостатокот лесно може да се надомести.

Петте земји кои немаат сопствен аеродром се:

Ватикан
Ватикан е најмалата земја во светот, сместена во Италија. Без аеродром, ќе мора да летате од аеродромот Леонардо да Винчи во Рим, а потоа да земете такси (возењето трае околу 35 минути).

Тоа е и единственото место во Европа каде што никогаш не бил отворен ресторан Мекдоналдс.

Монако
Втората најмала нација во светот, Монако, е опкружена со Франција и нема аеродром.

Ќе треба да летате до аеродромот Ница на Азурниот брег, а потоа да земете такси 30 минути за да стигнете до Монако.

Андора
Државата Андора исто така нема свој аеродром, иако таму можете да патувате преку Шпанија или Франција, која се граничи со таа мала нација.

Најблискиот аеродром е Сео Де Ургел во Шпанија, а возењето до Андора трае околу 35 минути со автомобил.

Сан Марино
Сан Марино е уште една од петте земји кои немаат сопствен аеродром.

Најблискиот аеродром е во италијанскиот град Римини. Возењето од аеродромот Федерико Фелини трае околу 30 минути.

Лихтенштајн
Не можете да летате до Лихтенштајн, земја опкружена со Швајцарија и Австрија. Најдобар начин е да летате до Цирих, а потоа да земете такси или да дојдете со воз од Буш или Сарганс на швајцарската граница.

Во 2019 година, Lonely Planet ја прогласи оваа земја за една од најдобрите европски дестинации за посета

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Австриски експерт: Леденото доба и хаосот во Европа ќе траат до 2030-та година

M T

Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија

M T