20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Велика Британија ги прошири санкциите кон Русија и Белорусија

Велика Британија ги прошири санкциите против Русија и Белорусија. Санкциите вклучуваат повисоки царини за увоз на благородни метали од Русија и забрана за извоз на одредени британски производи, пишува „Гардијан“. Целта е да се зголеми економскиот притисок врз Москва поради војната во Украина.

Министерството за меѓународна трговија го објави третиот пакет санкции само неколку часа пред прославата на Денот на победата во Русија. Последните санкции против Русија и Белорусија, кои се приклучија на нападот и беа база за руските војници, имаа за цел да го спречат Путин да ја финансира војната.

Најавата за санкциите дојде откако лидерите на Г7, вклучително и британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден, имаа видео-повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Санкциите се знак на поддршка за Украина пред парадата за Денот на победата во Кремљ.

Новиот пакет санкции вклучува 1,4 милијарди фунти британски увозни давачки, што значи граничниот данок што го плаќаат купувачите на стоката испорачана од Русија. Тоа ќе влијае на увозот на платина, паладиум, како и хемикалии од Русија. Одделот за меѓународна трговија објави дека Русија е во голема мера зависна од Велика Британија за благородни метали и дека царинската тарифа ќе биде повисока за 35%.

Владата ќе забрани и извоз на стоки во вредност од над 250 милиони фунти во секторите каде руската економија е најмногу зависна од производи од Велика Британија. Ова се однесува на хемикалии, пластика, гума и машини. Најновите мерки ја зголемуваат вкупната вредност на производите кои се под целосни или делумни санкции до износ од повеќе од четири милијарди фунти.

Неодамнешните санкции беа насочени кон енергетскиот сектор, но вклучија и замрзнување на имотот на најголемата руска банка и санкции против луѓе и организации главно поврзани со руските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T