15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шефицата на британската дипломатија: Ако Путин успее, страдањето во Европа ќе биде незамисливо

Земјите кои се противат на руската инвазија на Украина мора да ја удвојат поддршката за Киев, вклучително и снабдувањето со тешко оружје, тенкови и авиони, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

„ Илјадници луѓе беа убиени во најголемиот напад на европска земја од Втората светска војна и направи хаос низ Украина, принудувајќи го Западот да го преиспита својот пристап кон заштитата и глобалната стабилност“ порача таа.

Британската министерка предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде спречен да прогласи победа и да ја користи војната како поттик за нов светски безбедносен поредок.

„ Доколку Путин успее, натамошното страдање низ Европа ќе биде неописливо и ќе има страшни последици ширум светот. Никогаш повеќе нема да се чувствуваме безбедни. Затоа мора да бидеме подготвени за тежок и долг пат и да ја удвоиме нашата поддршка за Украина“, додаде Трас.

Досега, Велика Британија, Европската унија, САД и другите сојузници испратија оружје до украинските сили за да се борат против руската војска, но не се вклучија во директен конфликт со Москва.

Трас предлага нов пристап според кој земјите треба да трошат повеќе за одбраната, НАТО треба да изгледа поглобално, а економската зависност од земјите агресори треба да се намали.

„ Да бидеме искрени. Архитектурата што беше создадена за да гарантира мир и напредок ја разочара Украина. Потребен ни е нов пристап… кој комбинира силна одбрана и економска безбедност… кој гради посилни глобални сојузи и во кој слободните нации се порешителни и посигурни“ истакна британската министерка.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T