15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев на промоција на нови полициски службеници: Ги осигуравме интегритетот и чесноста на полициските службеници

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев се обрати на промовијата на новите полициските службеници во Центарот за обука во Идризово.

„Ми претставува особена чест што денеска сум овде заедно со вашите семејства и пријатели да го одбележиме овој убав повод на зголемување на нашето професионално семејство, свечен чин со кој Министерството за внатрешни работи, станува побогато за 508 полициски службеници, од кои (416) мажи и (92) жени, идни чувари на безбедноста.

„Патот на создавање добар полициски службеник бара посветеност, одговорно и домаќинско работење. Ние како раководство на МВР сме тука да ги обезбедиме сите потребни ресурси и поддршка да ви овозможиме сè што е потребно за достоинствено извршување на вашите работни задачи, а ваша должност како идни колеги и вработени во МВР, ќе биде да се грижите за безбедноста на сите граѓаните и државата. За остварување на тој наш приоритет изминатиов период многу работи направивме, а резултатите се видливи во сите 82 реконструирани објекти на МВР ширум државава, во кои имплементиравме и мерки за енергетска ефикасност. Покрај ова, инвестиравме над 10 милиони евра во нови униформи за секоја организациона единица”, рече Бојмацалиев, потенцирајќи ја реконструкцијата и на Центарот за обука.

„Ме радува фактот што денеска пред вас можам да кажам дека после 53 години во тек се градежните активности за комплетна реконструкција на целиот комплекс на Центарот за обука во Идризово, што ќе опфати реконструкција на Управната зграда со мензата, двата павиљона за сместување и школски објект со придружните објекти, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари.”, рече Бојмацалиев, додвајќи дека и реформските процеси беа во насока на осогирување на интегритетот на полициските службеници.

„Со цел да ги осигураме чесноста и професионализмот во полициската професија воведовме тест на интегритет и забрана за членство во политичка партија за сите вработени во Министерството и слободно можам да констатирам дека успеавме во нашата намера – во насока на деполитизација, департизација и декриминализација на Министерството за внатрешни работи”, истакна Бојмацалиев, честитајќи на колегите за успешното завршување на обуката за полициски службеници.