22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Столтенберг: Членките на НАТО повеќе да и’ помoгнат на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика членките на Алијансата да и’ дадат поголема помош на Украина. Тој додаде дека ќе и’ даде до знаење на Москва дека нема да има недоразбирања, погрешни проценки за подготвеноста на НАТО да ги заштити и брани сите сојузници.

„Постои итна потреба за дополнителна помош на Украина. На нашиот состанок во текот на денот со министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, сигурен сум дека ќе ги решиме прашањата за дополнителни противвоздушни системи, противтенковско оружје, лесно, но и тешко оружје и разни форми на помош за Украина“, изјави Столтенберг.

Тој изрази восхит за, како што рече, „храброста и лидерството“ на украинската влада, народот и вооружените сили на таа земја, обраќајќи му се на украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

„Она што го правите секој ден, се борите против руската агресија, тоа е нешто што го инспирира целиот свет. Сојузниците на НАТО со години ја поддржуваат Украина. Ние обучивме десетици илјади украински војници, а сега Алијансата обезбедува опрема, поддршка, да го остварите вашето право на самоодбрана. Правото содржано во Повелбата на Обединетите нации“, додаде Столтенберг.

Столтенберг нагласи дека е важно НАТО да не е вклучен во поширока војна со Русија.

„НАТО нема да испрати војници на теренот. Имаме одговорност да спречиме ескалација на конфликтот надвор од Украина, да стане уште посмртоносен, опасен или деструктивен“, рече тој.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T