9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Западот ја обвини Русија дека предизвикува глад во светот

Русија беше обвинета пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека предизвикува глобална криза со храна и ги става луѓето во ризик од глад со започнување на војната во Украина, која е житница на Европа.

„ Рускиот претседател Владимир Путин ја започна оваа војна. Владимир Путин ја создаде оваа глобална криза со храна. Одговорноста за водење војна во Украина – и за ефектите од војната врз глобалната безбедност на храната – лежи исклучиво на Русија и на претседателот Путин“, рече американскиот заменик државен секретар Венди Шерман, на состанокот на Советот за безбедност посветен на хуманитарната ситуација во Украина..

Францускиот амбасадор во ОН Николас де Ривиер истакна дека „руската агресија против Украина го зголеми ризикот од глад во светот“ и дека прво ќе биде погодено населението на земјите во развој.

„ Русија несомнено ќе се обиде да не убеди дека токму санкциите против неа создаваат нерамнотежа во ситуацијата со безбедноста на храната во светот“, додаде Де Ривиер.

Амбасадорот на Москва во ОН, Василиј Небенсија, навистина изјави дека потенцијалните турбуленции на глобалниот пазар на храна всушност се предизвикани од „нескротливата хистерија на санкции што Западот ја воведе против Русија“.

Шерман и директорот на Светската програма за храна (WFP) Дејвид Бисли известија дека Украина и Русија, кои се исто така главни производители на жито, сочинуваат 30 отсто од светскиот извоз на пченица, 20 отсто од пченката и 75 отсто од сончогледовото масло.

Европската унија во петокот објави иницијатива за ублажување на недостигот на храна предизвикан од војната. ЕУ и САД сакаат мултилатерална посветеност за ограничување на извозот на земјоделски суровини.

Помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Џојс Мсуја рече дека конфликтот во Украина „се заканува да ја влоши ситуацијата во најголемите хуманитарни кризи во светот, како Авганистан, Јемен и Рогот на Африка“, каде храната веќе е проблем.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T