8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Русија: Доколку Западот не дозволи поинаку, ќе го плаќаме долгот во рубљи

Руското Министерство за финансии денеска објави дека одобрило привремена процедура за отплата на долгот на обврзници деноминирани во странска валута, но предупреди дека плаќањата ќе се вршат во рубљи доколку санкциите ги спречат банките да плаќаат во валутата во која се издадени хартиите од вредност.

„Наводите дека Русија не може да ги исполни своите обврски врз основа на државниот долг се невистинити. Ги имаме потребните средства за да ги сервисираме нашите обврски“, наведува министерот за финансии Антон Силуанов во изјава.

Русија доспева на наплата на 117 милиони долари в среда врз основа на две серии обврзници деноминирани во долари.

Западот воведе санкции кон Москва поради ситуацијата во Украина, кои ја исклучија Русија од одредени делови на глобалниот финансиски пазар, што ја предизвика најтешката економска криза во таа земја од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Неколку руски банки се исклучени од глобалната меѓубанкарска мрежа SWIFT, што го оневозможува трансферот на пари надвор од Русија.

Доколку не е можно плаќањето во девизи, Министерството за финансии соопшти дека отплатата на еврообврзниците ќе се врши во рубљи. Рубљата падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот и еврото во последните недели.

„Замрзнувањето на девизните сметки на руската централна банка и на Владата може да се сфати како желба на неколку западни земји да предизвикаат вештачко неплаќање на должничките обврски“, рече Силуанов.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T