24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина: Американските тврдења дека Русија побарала од нас воена помош се дезинформации

Кинеското Министерство за надворешни работи ја отфрли како дезинформација изјавата на американските функционери дека Москва му се обратила на Пекинг за помош во воена опрема за да ја продолжи инвазијата на Украина. Кина ги отфрли таквите тврдења на САД за време на редовниот брифинг за новинарите во Пекинг.

Русија побарала воена опрема од Кина по нејзината инвазија на Украина на 24 февруари, објавија во неделата некои светски медиуми, цитирајќи американски официјални претставници.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, кој во понеделникот се состана со највисокиот кинески дипломат Јанг Јиечи во Рим, рече дека Пекинг апсолутно ќе ги сноси последиците доколку и помогне на Москва да ги избегне западните санкции наметнати поради руската агресија врз Украина.

Русија и Кина ја зајакнаа соработката бидејќи се под силен притисок на Западот околу човековите права и низа други прашања. Пекинг не го осуди рускиот напад и не го нарекува инвазија, туку повика на решение преку преговори. „Вашингтон пост“ наведува дека неидентификувани американски функционери не го прецизирале типот на оружјето што се бара или како Кина реагирала.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T