13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Пентагон: Руските сили на 15 километри од Киев

Руските сили, кои од Белорусија влегоа на територијата на Украина и поради различни причини забавија на северот на главниот град Киев, дојдоа на 15 километри од градот, изјави висок претставник на Пентагон, јавуваат агенциите.

Висок функционер на Пентагон на група новинари им даде осврт на украинско-руската војна.

„Проценуваме дека руските сили кои се приближуваат од североистокот на Киев се способни да напредуваат. Сè уште се во близина на Гостомел, но се на пет километри поблиску до Киев“, кажал функционерот.

Објаснувајќи дека руската војска напредувала од исток кон Киев од два паралелни ограноци и доаѓала 40 километри источно од градот, функционерот додал дека руските трупи целосно го опколиле Чернихив.

Тој додаде дека од почетокот на војната, на 24 февруари, откриле дека Русите истрелале 775 проектили кон Украина.

На прашањето за можноста за распоредување на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина, тој одговори дека за тоа не се разговара.

„Мора да распоредите американски војници за да ги натерате да работат бидејќи ова не е систем со кој Украинците се запознаени. И како што јасно кажавме, нема да има американски војници во Украина. Затоа нема разговори за поставување на системот Патриот во Украина“, изјавил за светските агенции, претставник на Пентагон.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

M T

Претседателката на Европската комисија пристигна во Киев

M T

Пентагон ја прекина испораката на Ф-35: Пронајдена кинеска легура

M T

Киев ги повика жителите на истокот и југот на Украина да се евакуираат пред студот

M T