17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

На средбата на Лавров и Кулеба денеска во Турција, шефот на украинската дипломатија со „ограничени очекувања“

Денеска Турција ќе биде домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на Русија и Украина Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба. Тоа ќе биде нивна прва средба од почетокот на руската инвазија на Украина.

Нив ќе ги пречека турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анталија, популарно летувалиште меѓу руските туристи. Инаку, и Лавров и Кулеба синоќа пристигнаа во Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ги засилува напорите за посредување од почетокот на кризата, во средата рече дека „Турција може да разговара и со Украина и со Русија во исто време“.

– Работиме на тоа кризата да не се претвори во трагедија – нагласи Ердоган, пренесува Хина.

Кулеба во видеото на Фејсбук во средата рече дека ќе стори сé што е можно за да ги направи преговорите што е можно поефикасни, истовремено велејќи дека има „ограничени очекувања“.

– Немам големи надежи, но ќе направиме се за да го извлечеме максимумот. Се ќе зависи од инструкциите што Лавров ги добил пред средбата – рече Кулеба.

Патувајќи за Анталија, Лавров ја напушти Русија за прв пат од почетокот на руската агресија врз Украина на 24 февруари.

Турција, членка на НАТО, е сојузник на Украина, но исто така сака да ги одржува односите со Русија, од кои во голема мера зависи кога станува збор за туризмот и снабдувањето со пченица и енергија.

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Гутереш: Ќе разговарам во Њујорк со Лавров

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T