16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

МНР на Украина: Ги повикуваме нашите граѓани да ја напуштат Русија

Украинското Министерство за надворешни работи денеска ги повика украинските граѓани да не одат во Русија, а оние кои веќе се таму да ја напуштат земјата.

“Министерството за надворешни работи им препорачува на граѓаните на Украина да се воздржат од какви било патувања во Руската Федерација, а оние кои се во оваа земја итно да ја напуштат нејзината територија“, се наведува во советите за патувања објавени од Министерството.

Неколку западни земји, како и ЕУ, Јапонија и Австралија, воведоа санкции кон Русија откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Народна Република Луганск (ЛНР).

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T