11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кулеба: ЕУ веднаш да воведе барем дел од санкциите против Русија

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ја повика ЕУ веднаш да примени барем дел од санкциите против Русија, со што и испрати порака на Москва дека нема да се толерира натамошна ескалација и дека Украина не е сама во оваа криза.

„ Сметаме дека постојат добри и легитимни причини да се воведат барем дел од санкциите сега за да се покаже дека ЕУ го прави она што го кажува за санкциите“, рече Кулеба од Брисел.

Шефот на украинската дипломатија при пристигнувањето на состанокот на Советот на ЕУ ги поздрави најавите за можна средба меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, оценувајќи дека секој дипломатски напор за изнаоѓање решение за украинската криза е добредојдена.

Кулеба додава дека добил гаранции од американскиот државен секретар Антонби Блинкен дека ништо за Украина нема да се реши без консултации со Киев.

„ Се надеваме, како луѓе кои сакаат да избегнат војна по секоја цена, дека двајцата претседатели ќе ја напуштат таа средба со договор за повлекување на руските сили од Украина. Тоа ќе биде јасен показател дека Русија сака да ги намали тензиите. Ако тоа не се случи, тоа значи дека остануваме во истата руска ескалирачка логика“, заклучи Кулеба.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

158 санкции за брзо возење

M T