20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

СЗО: Бројот на новозаразени во светот доста опадна во однос на минатата недела

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот е намален за 17 отсто во текот на минатата недела во однос на претходната недела, а бројот на починати е намален за 7 отсто, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Во исто време, како што беше соопштено, бројот на нови случаи на коронавирус во САД е намален за 50 отсто.

„Преваленцијата на сојот омикрон е зголемена на глобално ниво и сега е откриена во речиси сите земји“, известува СЗО.

Бројот на нови случаи е намален во сите шест региони на СЗО, освен во источниот Медитеран, кој забележа скок од 36 отсто, со посебен пораст во Авганистан, Иран и Јордан.

Во Европа бројот на заболени е намален за 7 отсто, додека во Северна и Јужна Америка падот е 36 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Пердасдефогу – Градот со најмногу стогодишници во светот

M T

Мангер: Доларот ќе стане безвреден, на светот му се заканува целосен колапс

M T

Гутереш: Светот е во опасност

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Британија во жалост, светот се збогува со кралицата Елизабета Втора

M T

Ова се 10те најдобри места за живеење во светот

M T