5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Детали за страшната експлозија во Абу Даби: Граѓаните стравуваа од терористички напад

Тимовите за цивилна одбрана во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, соопштија дека гаснеле пожар предизвикан од експлозија на плинска боца рано наутро во средата, додека американската амбасада издаде предупредување за можен терористички напад со ракета или беспилотно летало, пренесуваат агенциите.

Според соопштението на државната новинска агенција, во пожарот нема повредени.

„Специјализирани тимови го изгаснаа пожарот, превентивно ја евакуираа зградата и пожарот е ставен под контрола“, соопштија тие.

Дел од меѓународните медиуми објавија за експлозијата во Абу Даби, додека на Твитер се проширија снимки од експлозијата, кои многумина го опишаа како напад на проектили или беспилотни летала од страна на Хутите.

Експлозијата се случи на улицата Хамдан во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, каде што се одржува Светското клупско фудбалско првенство.

Државната новинска агенција соопшти дека пожарот бил последица на експлозија на боца со гас. Некои снимки покажуваат нешто што личеше на огнена топка на покривот на зградата додека на улицата можеа да се видат возила на брза помош, пренесуваат агенциите.

Инцидентот предизвика страв од можен напад на јеменските бунтовници Хути, одговорни за нападот со беспилотни летала врз нафтените постројки во главниот град на ОАЕ во јануари, што резултираше со тројца смртни случаи.

Во последните недели, Емиратите спречија други ракетни напади насочени кон таа земја.

Властите нагласија дека сите дежурни екипи се справуваат со ситуацијата и ја повикаа јавноста да ги следи вестите на официјалните власти на Обединетите Арапски Емирати и да избегнува ширење гласини и лажни информации.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Американка загина во напад на ајкула

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

Експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, има повредени

M T

34-годишен човек преживеал напад од алигатор во Флорида

M T

САД: Русија подготвува напад врз цивилната инфраструктура во Украина

M T