20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, има повредени

Експлозија одекнала во Кабул, во областа каде што се наоѓа зградата на руската амбасада, јавуваат светските агенции.

Експлозијата се случила кога руски дипломат излегол да го прочита списокот на оние кои чекаат на редот за визи, изјавил Хамид Хајдари, поранешен главен уредник на 1TVNews. Очевидци известиле дека можеби има околу 20 загинати.

Според полицијата, бомбаш самоубиец активирал експлозив на влезот во амбасадата.

Вооружени стражари го убиле напаѓачот додека се приближувал до капијата на амбасадата.

Во експлозијата се повредени руски дипломат и чувар на руската амбасада. Неименуван дипломатски извор додава, дека станува збор за терористички напад.

На местото на настанот биле испратени голем број возила на брзата помош, изјавиле мештаните.

Агенцијата потсетува дека во август 2021 година, талибанците го зазедоа Кабул и прогласија крај на војната со владините сили.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во експлозија во џамија во Кабул загинаа 21 лице

M T

Голема експлозија на Крим

M T

ДАЛИ ГО ИСКЛУЧУВАТЕ БОЈЛЕРОТ ДОДЕКА СЕ КАПИТЕ ИЛИ НЕ? Сите грешиме и го РИЗИКУВАМЕ ЖИВОТОТ, а електричар откри што е ИСПРАВНО

M T

Прекинато снимањето на филмот на Хали Бери поради ризик од експлозија

M T

Украина: Силна експлозија одекна во центарот на Мелитопол

M T

Експлозија во руска база – Најмалку седум лица се повредени, има и загинати

M T