3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

Еден ден по разорните ракетни напади во Украина, утринава во Киев и во неколку други региони се огласија сирени за воздушен напад, објавија украинските медиуми, известувајќи дека Запорожје повторно е цел на руски ракетни напади, а во Виница била погодена термоцентрала од камикази беспилотни летала.

Регионите во кои, покрај Киев, се огласија и сирените се Запорожје, Чернихив, Виница, Одеса, Суми и Днепар, јавуваат украинските медиуми.

Во меѓувреме, шефот на украинската регионална воена управа на Запорожје, Олександр Старух, напиша на Телеграм дека руските сили истрелале ракети врз регионалниот центар и „наменети инфраструктурни објекти“.

Во текот на ноќта во Запорожје биле регистрирани 15 експлозии. Џепар рече дека Русија синоќа истрелала најмалку 15 ракети во Запорожје, насочени кон „образовни и медицински институции и станбени згради“.

Во Виница два камикази беспилотни летала Шахед-136 ја погодија термоелектраната Ладижин, изјави Серхиј Борзов, шеф на тамошната регионална воена управа.

Украинските служби за итни случаи соопштија дека во вчерашните масовни руски ракетни напади низ Украина загинале 19 лица, а 105 се ранети.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ослободен е директорот на нуклеарната централа Запорожје

M T

Американка загина во напад на ајкула

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

Реакторот во нуклеарната централа Запорожје исклучен поради гранатирање

M T

34-годишен човек преживеал напад од алигатор во Флорида

M T

САД: Русија подготвува напад врз цивилната инфраструктура во Украина

M T