14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американка загина во напад на ајкула

Американка од Пенсилванија загина во напад на ајкула на Бахамите, соопшти полицијата.

Ајкула нападнала 58-годишна патничка на американски брод за крстарење додека таа нуркала во водите околу Бахамите, соопштија официјални лица.

Според полицијата, семејството изјавило дека жртвата била нападната од бик-ајкула.

Членовите на семејството и вработените во туристичката компанија ја извлекле жената и таа била пренесена на копното на островот Њу Провиденс, каде што била прогласена за мртва, соопшти полицијата.

Како што додале, жената се здобила со повреди на горниот дел од телото.

Инцидентот доаѓа еден месец откако осумгодишно момче од Велика Британија минатиот месец преживеа напад од три ајкули на Бахамите.

Можеби ќе ве интересира

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

34-годишен човек преживеал напад од алигатор во Флорида

M T

САД: Русија подготвува напад врз цивилната инфраструктура во Украина

M T

Салман Ружди во свесна состојба, разговарал со инспекторите за нападот

M T

Иран негира поврзаност со нападот на Ружди

M T