5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Врховниот суд во Њујорк ја укина одлуката за задолжително носење маски

Судијата во Врховниот суд на државата Њујорк, Томас Радемејкер, денеска ја укина одлуката за задолжително носење маски и рече дека гувернерката на таа држава ги пречекорила овластувањата во наметнувањето на правила што требало да ги усвои законодавното тело.

Гувернерката на Њујорк, Кејти Хочул, реагираше на одлуката на судот и рече дека ќе ја искористи секоја опција што ја има за таквата одлука веднаш да се укине.
„Остро се противиме на оваа пресуда и ќе ја искористиме секоја опција за веднаш да ја поништиме“, наведе таа во соопштение.

„Моја одговорност како гувернер е да ги заштитам жителите на Њујорк за време на оваа здравствена криза, а овие мерки помагаат да се спречи ширењето на Ковид-19 и да се спасат животи“, додава Хочул.

Радемејкер изјави дека неговата пресуда во никој случај не има за цел да ја доведе во прашање ефикасноста и потребата од носење маска како средство за борба против коронавирусот, туку дека усвојувањето на какви било закони за таа цел му е доверено исклучиво на државното законодавство.

Гувернерката Хочул прогласи вонредна состојба набргу откако Светската здравствена организација на 26 ноември објави дека омикрон сојот на коронавирус е причина за загриженост.

Можеби ќе ве интересира

Гутереш: Ќе разговарам во Њујорк со Лавров

M T

Црна Гора ги враќа мaските

M T

Нападнат конгресмен во Њујорк за време на предизборниот говор

M T

На летовите кон и од Германија задолжителни маски и покрај олабавувањето на мерките

M T

Словенија го укина носењето маски

M T

ГККШ: Усвоени предлозите за укинување на обврската за носење маски во затворен простор

M T