9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Нападнат конгресмен во Њујорк за време на предизборниот говор

Неидентификувано лице се обидело да го прободе американскиот конгресмен Ли Зелдин со остар предмет додека тој држел говор во својата кампања за гувернер на Њујорк.

Како што соопшти изборниот тим на Зелдин, тој не е повреден.

На видео снимката објавена од сведоци на социјалните мрежи се гледа како неидентификувано лице со црна бејзбол капа се приближува до Зелдин на бината за време на вчерашниот предизборен митинг во американската сојузна држава Њујорк, држејќи оружје во рацете, наведува британска агенција.

На видеото се слуша како мажот му повторува „заврши“ на Зелдин додека посегнува по лицето и вратот на републиканскиот кандидат.

Конгресменот го оттурнал пред двајцата да паднат на земја, додека неколку други присутни се обиделе да го совладаат осомничениот. Портпаролката на изборниот тим на Зелдин на Твитер објави дека осомничениот се обидел да го избоде конгресменот, а тој и неговите соработници се неповредени.

Таа исто така рече дека Зелдин го завршил својот говор по инцидентот и им се заблагодарил на полицајците кои реагирале за време на нападот.

Локалната полиција не даде официјално соопштение во врска со овој инцидент, наведува британската агенција.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гутереш: Ќе разговарам во Њујорк со Лавров

M T

Укината мерката за носење маски во затворени простории во Њујорк

M T

Врховниот суд во Њујорк ја укина одлуката за задолжително носење маски

M T

Најмалку 19 лица загинаа во пожар во зграда во Њујорк, а околу 60 се повредени

M T

Новогодишна прослава во Њујорк под строги мерки, во градот има нагло зголемување на заразени со омикрон

M T

Недостигот на храна предизвикува проблеми во Америка: „Ова не се случило 30 години“

M T