Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи – Ал Нахјан: Очекуваме поинтензивна и динамична соработка меѓу земјите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Неговото Височество Шеик Абулах бин Зајед Ал Нахјан.

Во оваа пригода министерот Ал Нахјан упати честитки за реизборот на министерот Османи на функцијата, изразувајќи очекување за поинтензивна и динамична соработка меѓу земјите.

Посебен акцент беше ставен на учеството на Република Северна Македонија на ЕКСПО Дубаи 2020 и впечатоците на министерот Ал Нахјан при неговата посета на нашиот павилјон во текот на вчерашниот ден.

Воедно, по извршените терористички напади од страна на Хутите врз цивилни цели во Абу Даби, министерот Османи изрази солидарност и упати поддршка во справувањето со безбедносните предизвици и зачувувањето на сигурноста.

Во разговорот беше констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји, а беа поздравени и економските односи и соработката на мултилатерален план.

Воедно, соговорниците разменија мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Можеби ќе ве интересира

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

ДЕСК

ЛИНК ГО ОСТАВИЛ БЕЗ ИЛЈАДНИЦИ ДЕНАРИ: Четириесет и седумгодишник измамен преку онлајн платформа

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ТЕТОВО: Жена тепала мало дете на улица, минувачи застанале да го заштитат, а мајката го оставила и си заминала

ДЕСК