17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Австрискиот парламент денеска гласа за задолжителна вакцинација

Австрискиот парламент денеска ќе гласа за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, која треба да стапи на сила на почетокот на февруари.

За овој предлог се очекува јасно мнозинство, бидејќи покрај владејачката партија од Австриската народна партија и Зелените, „за“ ќе гласаат и многу пратеници меѓу опозициските социјалдемократи и либерали.

Екстремно десничарската Партија на слободата, од друга страна, жестоко се спротивставува и го критикува планот.

Задолжителна вакцинација би важела за сите граѓани над 18 години. Исклучоци се планирани за бремените жени и за сите оние кои поради здравствени причини не смеат да се вакцинираат.

Во моментов, околу 75 отсто од луѓето во Австрија примиле две дози од вакцината. Целта на ефективна вакцинација е 90% од оние на кои им е дозволено да се вакцинираат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Австрија размислува за укинување на задолжителната вакцинација

M T

Протест против задолжителната вакцинација и носење маски во Нов Зеланд

M T

Австрија донесе уредба задолжителна вакцинација – Признати кинеските вакцини, но не и руски „Спутник“

M T

Во Австрија од денеска стапи на сила задолжителната вакцинација

M T

Протести против задолжителна вакцинација – камионџии ја блокираа Отава

M T

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

M T